За кофинансирање на 30 апликанти вкупно 2,5 милиони евра

Bez autora
Jun 15 2010

Триесетината апликанти на првиот оглас за користење на средствата од ИПАРД, петтата компоненета на програмата ИПА на Европската унија за претпристапна помош, неделава ќе ги добијат решенијата за кофинансирање. На огласот што лани во декември го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се пријавија 133 апликанти. Најмногу, 58 апликации, беа за инвестиции во земјоделски стопанства за преструктуирање и надградба, 41 за преработувачки капацитети и модернизација за достигнување на стандардите на ЕУ и 34 за диверсификација и развој на руралните економски активности. Во моментов се врши финализирање на контролите на терен за апликантите кои беа оценети како добри за кофинансирање и се очекува во текот на неделава да им бидат доделени решенијата на по петнасетина апликанти во првата и втората група и неколку од третата. Вкупниот износ на средствата по договорите кои ќе им бидат одобрени за кофинансирање изнесува 2,5 милони евра, а вредноста се движи од 4 до 5 милиони евра.

За кофинансирање на 30 апликанти вкупно 2,5 милиони евраТриесетината апликанти на првиот оглас за користење на средствата од ИПАРД, петтата компоненета на програмата ИПА на Европската унија за претпристапна помош, неделава ќе ги добијат решенијата за кофинансирање.

На огласот што лани во декември го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се пријавија 133 апликанти. Најмногу, 58 апликации, беа за инвестиции во земјоделски стопанства за преструктуирање и надградба, 41 за преработувачки капацитети и модернизација за достигнување на стандардите на ЕУ и 34 за диверсификација и развој на руралните економски активности.

- Во моментов се врши финализирање на контролите на терен за апликантите кои беа оценети како добри за кофинансирање и се очекува во текот на неделава да им бидат доделени решенијата на по петнасетина апликанти во првата и втората група и неколку од третата. Вкупниот износ на средствата по договорите кои ќе им бидат одобрени за кофинансирање изнесува 2,5 милони евра, а вредноста се движи од 4 до 5 милиони евра - истакна директорот на Платежната агенција, Тони Димовски.

Тој е задоволен од процентот на реализација на првиот оглас и најавува објавување нов оглас во периодот август - септември годинава со цел да се повлечат што е можно повеќе средства од претпристапната помош за петтата компоненета.

На првиот оглас беа понудени 24,3 милиони евра од кои 19 милиони од буџетот на ЕУ за рурален развој од програмите за 2007, 2008 и 2009 година. Од нив 2,1 милион евра се од програмата за 2007 година, 6,7 милиони за 2008 и 10,2 милиони евра од програмата за 2009 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik